Во пресрет на Свети архангел Михаил, децата од Битола што учат Етика во религиите, торжествено го спроведоа проектот: “Ден на ангелите”, како љубовна порака до сите наши сограѓани,– да се откажеме од славење на Halloween – ноќта на вештерките, кој празник не е во нашата православна и културна традиција, но со радост до славиме Бога, доброто и љубовта….
„Целта на денешното дружење е децата да ги потсетат возрасните на доброто , да ги потсетат на нив бидејќи децата се љубов, светлина. Кога настана овој проект ние му рековме на што ве асоцира светлината и љубовта и што е детето, а тие од нивните срца извадоа преубави мисли“ – пренесе Драган Ѓорѓиевски, наставник по етика во религија.
Извор: ТВ-Орбис