Света неувереност: Има ли Бог потреба од наша заштита? / За радикализмот

Андреј Десницкиј објаснува, зошто човекот кој верува во Бога, воопшто нема потреба да се расправа со оние кои хулат на светињата. Покрај тоа – нервната реакција на хулата – е знак за тревога.

Јас не сакам да зборувам за парижските карикатуристи и парижските терористи – со нив, мислам, сè е јасно, а кому не му е јасно, нему никако не можеш да му објасниш. Но, би сакал да разбереме нешто друго: зошто за човекот верник му изгледа допуштлива самата идеја да се убива за хулење? Дури и со лукавиот предговор: „да се убива, секако дека не смее, но…“

Најдобро од сите, тоа го формулираше на својот блог една муслиманка по име Зара Муртазалиева: „Ако вие сте муслимани и верувате во величината на Пророкот Мухамед (али селам), тогаш како може да верувате во тоа, дека Пророкот Мухамед (али селам) има потреба од заштитници во лицето на несреќни и грешни луѓе?“

Како ние и да се однесуваме кон Мухамед, веројатно сите ќе се согласиме, дека неговата положба не може да ја измени никој: ни атеистите, ни исламистите, ни карикатуристите. Така излегува, дека во ваквите случаи човек не го заштитува Мухамед (ниту пак Христос, Кој се молел за оние кои Го распнале, ниту апостолите, кои примиле мачеништво за верата), а нешто во самите себе. И неодамна донесениот закон во Русија, поткажува што точно: чувствата на верните.

А кое чувство поточно? Јас имам една претпоставка: чувството на неувереност. Човекот слуша и самиот ги повторува од ден-во ден, истите зборови на молитвите, истите догми на верата, и си мисли, дека целосно и потполно е согласен со нив, дека тие исцрпно ја опишуваат реалноста… И наеднаш, пред очи му се појавува злобна карикатура или некаква глупава изведба… и сè се руши! Молитвеното расположение опаѓа, верата се колеба…

Зошто? Затоа што тоа е потсмевање над светињата? Но, зарем христијаните не го носат на телото знакот на Крстот – образот на најодвратното, најстрашното потсмевање на најголемата Светиња, кое било во историјата? Зарем не Го сметаат Крстот како извор на своето спасение? Зарем Христос во овој свет среќавал само торжествени поздрави и благослови, и истото се случувало со неговите ученици, истото што ни е ветено и нам во Евангелието?

Стоп-стоп-стоп… Мислам дека таквиот шамар, го избива човека од обичниот строј, ја колеба неговата вера, затоа што е нестабилна. Неекаде длабоко внатре останува чувството на неувереност: а што ако сето тоа е измама, ако сите молитви се напразно, ако сиот мој живот не оди таму, каде што треба? А уште повеќе, што секој прекрасно знае, колку е слаба неговата молитва, и колку е далеку неговиот живот од идеалите на верата.

И такиот испад на скандалозно богохулство – нема ли да ги разбуди заспаните сомнежи, нема ли да даде сила на тој црв, кој навидум засекогаш замолкнал – и одненадеж пак проговорува?

desnickiy1121
Андреј Десницкиј

Јас обрнав внимание на тоа, во една сосема друга ситуација, навидум далечна од крвопролевање. Во една дискусија, за неопходноста да се разбираат сите стихови од книгата Битие строго буквално, еден од нејзините учесници го кажа, примерно ова: „Денес ме терате да мислам, дека Бог не го создал светот за шест календарни дена, а утре ќе ми речете, дека и воскресението Христово треба да се разбира симболично“.

Токму таква е логиката на фундаментализмот: Треба и може да се прими сè одеднаш, без расудување и сомнежи, верата дава еднозначни и конечни одговори на сите замислени прашања, и ако си се посомневал во едно од нив, неправилно ќе одговориш на сите.

Но, како да поминеме без сомнежи? Да се сместиме во стерилна средина, каде што нема никаква, совршено никаква неудобна информација, никакви други толкувања. Така некако, апостол Павле го опишал односот кон законот на оние, кои ги принудувале првите христијани да се обрезуваат: ако во законот е пропишано обрезанието, без него не се може, и верата во Христа може да се прими само во комплет со сите ритуали на Мојсеевиот закон.

И самиот Павле се спротивставил: „ Кој се надева на делата на законот, на него паѓа проклетството“ (Галат. 3, 10), зашто невозможно е да се проживее животот, не нарушувајќи го законот ниеднаш. А штом си нарушил еден пункт – виновен си пред целиот закон.

Излезот, според Павле, е во Христа. Верата во Него – не е само примање на некои догми од апстрактни формули, но пред сè, доверба кон Оној, увереност во тоа, дека Тој ќе те изведе на правилен пат. А каков имено ќе биде тој пат, не можеме да знаеме, Тој подобро знае.

Имено така Петар ја пречекорил оградата на безбедниот чамец и тргнал кон Христос по бурните води. Да, веднаш се посомневал и почнал да тони, но без тој чудесен опит на целосна доверба кон Христос – и целосната недоверба во сопствените сили и пресметки! – простиот рибар Симон, веројатно не би станал апостол Петар.

2-600x287

Постои и друг пат: со повреме да се пресмета се и да се убедиш себеси, дека точно таму, каде што си ти, и е Христос, и не може да биде никаде на друго место. Не те спасува Тој тебе, туку ти Го заштитуваш од претензиите на атеистите, иноверците, еретиците, расколниците… списокот е долг. Тој – е во твоето кајче, и никому не дозволуваш да Го извлече од таму, а и Самиот да излезе нема да му дозволиш. Тука ти си главен, не Тој.

Но, се плашам, дека всушност човекот не го заштитува Христос, туку својата сопствена слика за Христос, и не од надворешните напади, туку од сопствените сомнежи, и го заштитува толку ревносно, што често, не му остануваат сили за ништо друго.

Впрочем, таквиот пристап не е карактеристичен само за религиите. Верата и неверието – се универзални категории. Колку пати сум се сретнувал со тоа, луѓе, кои искрено ја сакаат Русија, да ми се налутат, ако раскажувам за најсериозните проблеми, кои ги гледам во нашата земја. Тоа посебно е карактеристично за русите, кои живеат во странство: Русија за нив – е земја на брезови шуми и благодатни манастири, тоа е голема и славна империја, која конечно се возродува и оди кон своето земно величие.

Ние во неа, секако не живееме, затоа што така испаднало, но колку е важно за нас да знаеме, дека таму, во Русија, има само светост и благодат. Како смеете да ни подметнувате информации, кои противречат на нашиот сон!

Истовремено, медиумите соопштуваат: во Саудиска Арабија за навреда на исламот и создавање на либерален интернет-форум, го осудиле блогерот Раиф Бадави на десетгодишна затворска казна, и 25 милиони долари парична казна, и уште на илјада удари со камшик, кои треба да се распределат на дваесет недели, за да преживее. Веројатно, верата на саудитите сега силно ќе се закрепи и сомнежите ќе отпаднат. А Раиф? Нема што да буди сомнежи во нас…

 
Андреј Десницкиј | 09 јануари 2015 г.
Извор: http://www.pravmir.ru/svyataya-neuverennost-nuzhdaetsya-li-bog-v-nashey-zashhite/#ixzz3OQcWOHeg