На 14.11.2015 г, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во сослужение на свештенството од Битолското Архиерејско намесништво, и во присуство на многуброен верен народ изврши големо осветување на црквата „Свети Никола“ во село Карамани, Битолско.
Во тешкотии, недоумици и секакви околности, најполезно и вистинско средство – е само обраќањето кон Господа, и положување на сета наша тага и грижи на Него. Притоа, треба да Го молиме Бога за оние, со кои ни претстои да работиме, и сè ќе се среди. Господ го просветува секој човек, кој доаѓа во светот, и дава мир на душите наши. Унинието пак и тагата се бесполезни во делото, кое бара храброст.
Преподобен Мојсеј Оптински
Во приложение, беседата на осветувањето на храмот, од Митрополитот Петар:
[nggallery id=76]