Што чекаме? – Владика Николај Велимировиќ

Ние го чекаме Христос а не подобро време,
Времето и утре како денес ќе биде,
Лулките ќе пеат а гробовите ќе плачат,
Музика ќе свири, гробарите поттни,
Веслеба и тага ткае шаренило
И утре ќе биде што било денес.
Ние го чекаме Христос а не подобро време,
Рајот од земјата одамна на небото е однесен
И од небото ги спушта своите светли зраци,
Срцата на верните ги грее, патот им го осветлува.
На земјата е борба за рај и за Христа
И денес и утре, и до крајот на светот.

Ние го чекаме Христос а не денови убави,
Деновите се час ведри, час тмурни и бурни,
Паѓаат како лисја и како лисја венеат
А златниот плод ангелите во Рајот го носат
Во царството на вечноста, во Христовата закрила,
По плодот ќе се знае што некогаш било.

Ние го чекаме Христос посилниот од времето
од убавината поубав од сите убави денови.
Сладост послатка од сите сладости на светот.
И Тој брзо доаѓа кон нас да се обрати
О, благословена е таа средба наша
Во вечна радост, среќа без крај.

 

Молитвени песни на владика Николај Велимировиќ (Охридски)

 

Извор: http://www.svetosavlje.org/