Зошто Бог не го спречи падот на Адам, кога веќе го имал предвидено?

Ако го спречеше, Бог ќе се вмешаше и ќе го лишеше човекот од слободата со која Тој го даруваше. Ако Бог му ја одземеше слободата на човекот, тогаш човековото поведение и спасение ќе беа задолжителни. Човекот ќе ја изгубеше својата личност и ќе беше битие без волја. Бог претпочита да ја смени промислата наменетаза човекот место да му го одземе најзначајниот елемент од неговата личност, слободата.

Бог додаде втор елемент, значаен за човекот: Неговата правда против демонската злоба и омраза. Ѓаволот веруваше дека кога би го прелажал човекот, би ја попречил промислата Божја и така човекот веќе не би бил Божјо подобие. Веруваше дека така не само што би успеал да му се одмазди на Бога, туку и би го лишил човекот од сопствената вредност. Бог не го спречи ѓаволот во спроведувањето на злобниот план, за да може целосно да го порази кога Toj ќе го земе човековиот облик, со Неговото идно преображение. Така човекот кој бил жртва на демонската злоба ќе може да се воздигне ,,повисоко од секое началство, власт, сила и господство и од секое име со кое се именуваат”(Ефесјаните 1,21) не само во овој свет, туку и во идниот. Па, ако Бог го спречел падот на човекот, ќе го лишел човекот од славата која ја наследи од суштинската заедница со самиот Бог, преку Неговото преображение.

Старец Јосиф Ватопедски

 

Превод од англиски: Марија Трифуновска Тасеска