Зошто русите не се смеат?

Првото нешто што ги изненадува туристите во Русија – е бројот на намуртени луѓе. Зошто русите толку малку се смеат? И навистина, ние сме смееме доста помалку од другите нации на Западот и Истокот. Холивудската насмевка им е туѓа на русите, исто како и сјајниот израз на лицето на жителите на Кина или Виетнам.

Истражувачите на комуникативното однесување ја нарекуваат природната ненасмевливост за една од најкарактеристични национално-специфични црти на руската комуникација. Таа особеност на русите, често на Запад се прима како последица на лошо воспитување или немање почит кон соговорникот. Сепак, тој феномен си има свои објаснувања, кои не се состојат само во суровата клима и сложениот историски развој на нашата земја, но и во тоа, што руската насмевка има сосема поинаква функција, отколку насмевката на странците. Познатите научници – лингвисти И. А. Стернин и Ј. Е. Прохоров издвоиле во своето истражување за комуникативното однесување неколку национални особености на руската насмевка.

7f46a5eb563510c38c320e34474ee6ee

  1. Русите се смеат поинаку од другите народи.

Руската насмевка (обично) се прави само со усните, многу ретко едвај се гледа горниот ред на забите; демонстрацијата при насмевката на горните и долните заби, како што тоа го прават американците, во руската култура се смета непријатна, вулгарна, а таквата насмивка се нарекува гримаса или „коњска“. Руските писатели често обрнувале внимание на разликите меѓу руската и американската насмевка, карактеризирајќи ја американската како туѓа и вештачка за рускиот човек. Максим Горки напишал, дека кај американците, „најпрвин ќе ги видиш забите“, а руската поговорка вели: „отворена уста, никој не сака“. Не го одминале тоа прашање и нашите современици: сатиричарите Михаил Жванецкиј напишал, дека американците се смеат: „како вклучени во штекер“.

12543511625

  1. Насмевката во руската комуникација не се смета за сигнал на љубезност.

За американците и повеќето западни европејци, насмевката – пред сè е сигнал на љубезност, затоа и е задолжителна при поздравувањето и во текот на светскиот разговор. Колку повеќе човек се насмевнува при поздравувањето, толку поголема љубезност демонстрира на соговорникот. Во некои источни култури, насмевката како љубезност има за цел да го олесни на човекот, примањето на негативни информации. Така, Илија Еренбург во своите мемоари раскажува за кинез, кој со насмевка му соопштил за смртта на својата жена. Таа љубезна насмевка значела: „Вие не мора да се вознемирувате, тоа е моја тага“. За русите, тоа е едноставно незамисливо. Насмевка од љубезност за русите не е својствена, а некогаш дури и се сфаќа непријателски. Руската фраза „тој од љубезност се насмевна“ содржи негативен однос кон оној што се насмевнал. Љубезната насмевка за клиентите исто наидува на неодобрување, и се нарекува „дежурна“, сметајќи се за пројава на неискреност.

d68e9fe43429dba52fb26df6a2735eef

  1. Во рускиот разговор не е обичај да се насмевнувате на непознати.

Насмевката во руската комуникација најчесто е упатена кон познаници. Токму затоа продавачките не им се смешкаат на купувачите – тие не ги познаваат. Ако некој странец му се насмевне на русин, тоа најверојатно ќе го побуди русинот да ја бара причината на насмевката упатена кон него, и ќе се појави прашањето:  „А што, се познаваме?“ Насмевката се гледа како покана за остварување контакт, разговор. Ако русинот не е спремен за таков контакт, тој нема да одговори на насмевката. Во случај на случајна средба на погледите, американците се насмевнуваат, а русите обратно, имаат обичај да го свртат погледот.

  1. Русите немаат обичај да се насмевнуваат при исполнувањето на служебните обврски, при исполнувањето на било-која сериозна работа.

Таа особеност на руската насмевка е уникатна. Уште од дамнина, началниците, слугите, келнерите биле љубезни, но никогаш не си дозволувале да се насмевнат. Старата добра традиција е жива и денеска. Љубезната насмевка тешко се соживува во сферата на руското угостителство, бидејќи на луѓето од нашиот менталитет, таквата „професионална“ насмевка им изгледа вештачка маска, лажно лице, зад кое се крие рамнодушност. И додека јапонските или американските деца од мали ги учат да се насмевнуваат, како некоја социјална обврска, руските родители често им велат на децата: „Не се смеј! На училиште биди сериозен“.

746380-1

  1. Руската насмевка мора да биде само искрена и да има јасна причина.

Кај русите, насмевката – им е задолжително искрена, отворена и изразува добро расположение на човекот или симпатија кон соговорникот. Насмевките, не поткрепени со позитивна душевна состојба, предизвикуваат моментална недоверба и неодобрување. „Некогаш, и во насмевката се крие отров“, „Тоа што се вари во срцето, не можеш да го скриеш во лицето“, „Маките на срцето нема да ги засладиш со насмевка“, гласат руските поговорки. Кинезите пак велат поинаку: „Во срцето навреда, а на лицето насмевка“. Прекумерната насмеаност или веселост изгледа сомнителна. Таквата насмевка може да се смета како глупост или во најлош случај како предизвикувачко поведение (за мажи) или покана (за жени). Затоа велат: „Смеа без причина – знак на будалештина“

  1. Насмевката треба да биде умесна.

За русите е важно, насмевката да биде на место и да соодветствува на ситуацијата. Учителите многу често им даваат забелешки на децата: „После ќе се смееш, сега работи“. Неприлично е да се смеете, ако покрај вас има луѓе, за кои знаете дека имаат сериозни проблеми: некој е болен, задлабочен во лични проблеми и т.н. – „не е до насмевка“.

  1. Длабоките причини за руската ненасмеаност.

Сепак, во што се корените на тие особености на руската насмевка? Истражувачот Е. И. Волкова за една од тие причини го смета руското православие, кое посено го почитува светоотечкото предание – трудовите на светите отци на Црквата од првите осум векови на христијанството. Светите Отци предупредувале, дека смеата – е оружје на ѓаволот, кое ги соблазнува луѓето,а потоа се потсмева над нив.

„Блажени се оние што плачат, зашто ќе се утешат“ – се вели во Евангелието. Па затоа солзите, а не смеата посебно се почитувале во православната традиција. Притоа, не секои солзи предизвикувале почит, туку солзите за своите гревови и солзите за сострадување кон ближниот, забележува истражувачот.

Плачот – еден од основните жанрови на рускиот фолклор и руската литература. На пример, познатиот плач на Јарославна од „Слово за Игоровиот плк“ или образот на песната –плач, од стихот на Н. А. Некрасов („Овој плач, кај нас се вика песна“).

Николај Берѓаев во својата работа „Судбината на Русија“ причината на руската ненасмевливост ја гледа во неопфатните простори на нашата земја и суровите климатски услови, долгата борба за преживување, особено психичкиот склад на рускиот човек: „Руската душа е потисната од неопфатните руски полиња и неопфатните руски снегови, таа тоне и се раствора во таа неопфатливост… И русите речиси воопшто не знаат за формата на радоста. Руската душа е ранета од широчината, таа не гледа граници, и таа безграничност не ја ослободува, туку ја поробува. И така, духовната енергија на рускиот човек влегла внатре, во созерцанието, во душевноста…“

Без оглед на тоа, што насмевката не им е својствена на русите, научниците – лингвисти забележуваат, дека сепак, повеќето руски луѓе се весели, гостопримливи, жизнерадосни и остроумни. Насмевката и смеата – не се едно исто, и според истражувачите, имено смеата ѝ е својствена на Русија, иако често тоа е самата „смеа низ солзи“, за која што пишувал Гогољ.

maxresdefault
Детал од филмот „Калина Красная“, од Василиј Шушкин

Извор:http://b-picture.livejournal.com.