Свети великомаченик Димитриј – Заштитникот на градот Битола

На 08.11.2015 година, кога го празнуваме споменот на светиот великомаченик Димитриј, патрониот празник на соборниот храм на нашата епархија и големиот заштитник на градот Битола, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во истоимениот храм „Свети Димитриј“, во Битола.

Празникот на свети Димитриј собра многу свештенослужители и верници кои дојдоа да достојно да го прослават неговиот спомен, што придонесе атмосферата во градот да се почувствува Велигденска радост.
[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=4UfF3KvoMVA[/youtube]
Антифоното пеење на црковните хорови од храмот на „Свети Димитриј“ во Битола, и од храмот  „Свети Георгиј“ во Ресен, како најсмирен дар и принос на светителот, како и топлата молитва на многубројниот верен народ, го посведочија живото присуство на свети Димитриј во срцата на луѓето.

По неговите свети молитви, Господ да не помилува и спаси, како Благ и Човекољубив.

[nggallery id=74]