На 21.09.2015 год, кога го празнувавме раѓањето на Пресветата Богородица, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи архиерејска Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Битола.
1 Седален,слава и ныне, глас 3
На убавината на Твоето девство, и пресветлата Твоја чистота, Гавриил чудејќи се, ти пееше Богородице: Каква пофалба да Ти принесам достојна, како да Те наречам? Онемува мојот ум и се ужаснувам. Затоа како што ми беше заповедано, ти пеам: Радувај се, благодатна!