Вечерта, на 20.09.2015 година, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ беше отслужена празнична Вечерна богослужба по повод раѓањето на Пресветата Владичица.
Со Вечерната чиноначалствуваше архиерејскиот заменик, протоереј-ставрофор о. Никола Грамбозов, а покрај домашниот машки хор „Свети Нектариј Битолски“, гостуваше и ресенскиот црковен хор „Св. Ахил Преспански“.
Величание:
Те величаме Пресвета Дево, ги почитуваме твоите свети родители, и го славиме Твоето сеславно рождество.
Паримија на празникот:
1. Премудроста си изгради дом, ги утврди седумте столбови негови,
2. ги закла своите жртви, го расточи во чаша виното свое и ја приготви трпезата своја;
3. ги испрати слугите свои да огласат од градските височини:
4. „Кој е неразумен, да наврати тука!” И на малоумните таа им рече:
5. „Дојдете, јадете го лебот мој и пијте го виното, што сум го приготвила;
6. оставете ја неразумноста, и ќе живеете; одете по патот на разумот.”
7. Кој поучува бесрамник, ќе си спечали неславност, и кој го разобличува нечестивецот – дамка.
8. Не изобличувај го бесрамникот, за да не те намрази; поучувај го мудриот, и тој ќе те засака.
9. Дај му совет на мудриот, и тој ќе биде уште помудар; научи го праведниот, и тој повеќе ќе напредне во знаењето.
10. Почеток на мудроста е стравот Господов, и познавањето на светиот е разум;
11. зашто преку мене ќе ти се умножат дните, и ќе ти се додадат години на животот.
(Изрек. 9, 1-11)
Поврзано: Храм Пресвета Богородица Битола