На 06.09.2015 год, во 14-та Недела по Педесетница, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи божествена Литургија во храмот „Св. Богородица-Пречиста“ во Кривогаштани, Прилеп.
После Литургијата, владиката ја крсти и миропомаза малечката Исидора Спиркоска.
„Вие кои во Христа се крстивте, во Христа се облековте…“ сеќавајќи се на тоа, Господ да ни подари сили достојно да го носиме крстот што ни е даден, со вера, каква што имаат децата – зашто на такви е Царството Небесно.