Молитвата е обраќање на човечкиот ум кон Бога. Првото движење на умот, е движење нанадвор, второто – кон самиот себе и третото – кон Бога. Токму третото ни се дава најтешко. А без молитва, без постојаното сеќавање на Бога, што молитвата и одразува, ние не можеме да се спротивставиме на мисловните искушенија, кои постојано не совладуваат. За да се молиме чисто, без метежот на мислите, треба да се откажеме од себеси и од светот, кој во зло лежи, а ние тоа не го сакаме и не можеме, затоа и немаме вистинска молитва. Се убедуваш, дека вистинската молитва е дар Божји, како и се добро и совршено. Ќе се удостоиме ли за него?
Схиархимандрит Илиј (Ноздрин)