Како да се научиме да постиме? За тоа, пред сè, е потребна постепеност во учењето.
Некои, непромислено и брзоплетно се фаќаат за подвизите на постот и започнуваат безмерно да постат. Таквиот пост не е правилен, не е полезен, туку поскоро штетен: тие, или го разоруваат своето здравје, или од глад стануваат нетрпеливи и нервозни, – без причина се озлобуваат кон сите и кон сè, или пак, постот набрзо ќе им стане неподнослив, и ќе го отфрлат.
За нашиот однос кон постот да биде правилен, треба да се навикнуваме на него без да брзаме, внимателно, не одеднаш, а постепено – малку-по малку.
Секој сам треба да си определи – колку му е потребно во денот храна и пиење; Потоа, по малку треба да ја намалува количината на употребуваната храна и да ја доведе до онолку, колку што не би можело повеќе да се скрати, за да не се раслабиме, истоштиме – и да станеме неспособни за работа. Тука, главното правило, е дадено од Самиот Господ: да не се обременуваат срцата ваши со прејадување и пијанство.
Извор: azbuka.ru