Можеш ли да јадеш еден портокал, и да ја предаваш Божјата благодат на другиот до тебе? Со едноставно однесување и живот? Можеш ли да чистиш грав и лук, да пржиш, да готвиш, да бришеш прашина, децата да гледаат телевизија во собата, ти да поминеш и да им речеш: „Крени ги малку нозете, дете мое, да избришам и тука!“, и децата да чувствуваат дека покрај нив минало тивко ветре, љубов, милост, добродушност, духовност, која произлегува од шумот на правосмукалката? Духовност, која излегува од чиниите во кујната, од начинот, на кој ќе отидеш да ги спружиш алиштата? Од начинот, на кој ја паркираш колата и детето од прозорецот те гледа, дека ја отвараш и затвораш вратата и дека ги носиш продуктите од супермаркетот, или како запираш на бензиската да туриш бензин? Таа духовност се прелива од сето тоа, од сè што правиш, кажуваш, од сè што не кажуваш, од начинот на кој си ги миеш забите и децата гледаат како ја оставаш четката за заби на нејзиното место и не се нервираш, ако нешто се преврти во твоите работи. Нешто паднало на земјата, а ти се наведнуваш со насмевка да го кренеш, со хумор, со ладнокрвност и оптимистично расположение – тоа е духовност.
Тоа ни е големата заблуда, големата грешка, што сме ја ограничиле духовноста само на неколку дела во животот, сме ја избркале од нашето секојндевие и живот, и сме заборавиле дека сè е духовно. И пак ќе ти кажам за случајот од училиште, кога еден ученик играше кошарка, ме виде и јас му реков да престане да хули: „Зошто зборуваш така?“ Тој се заврти кон мене и ми рече: „Е, оче, сега немаме час по веронаука! Извинете, сега играме кошарка!“ Јас му реков: „Добро, ќе ти го кажам друг пат, сега играш кошарка, не е час за разговори и друг пат ти објаснив, дека и кошарката,и мигот, кога чекаш на крајот да земеш сендвич, и школскиот автобус, со кој одиш на училиште и дома, сè го има Бога до се бе и Бога во тебе, што и да правиш“. И веронауката не е веронаука со еден-два часа неделно или за еден час, како што постепено сакаат да го отфрлат и се борат за тоа; тоа не е за еден час и готово, сме завршиле! Веронауката започнува, кога ќе заврши часот. Учеството во св. Литургија започнува да функционира, да дејствува врз нас и да ни ја открива силата, која ни е дадена, после возгласот „По молитвите на светите отци наши…“, тогаш започнува твојот духовен живот, а не таму, со убавите алишта, со убавото изразување и со духовноста во надворешниот профил, а кога одиш во павиљонот, во кварталот, дома, при сопругот, жената, децата, во контактот со колегите…“
Архимандрит Андреј Конанос
Извор: pravoslaven-sviat.org