«Грузискиот канал» го распространи во социјалните мрежи обраќањето на Католикос-Патријархот на цела Грузија Илија II кон педагозите на општите училишта, соопштува сајтот Благовест-инфо.
„Сакам да ги замолам учителите: не знам, дали ќе го исполните тоа или не, но сакам да ве благословам; никогаш не ставајте единици на учениците. Затоа што секој човек е многу талантен, генијален, и ние сме должни да го препознаеме, да сфатиме во што се состои неговата талентираност и да го пројавиме тој талант“, – зборовите на Патријархот ги пренесува news.ge.