На 26.07.2015 година, на 8-та Недела по Педесетница, кога го празнувавме и споменот на чудата на Архангел Гаврил, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот посветен на Светите Архангели и на сите небесни сили, во Довлеџик, Битола.
Една работа сме повикани, можеме и треба да ја измениме. Самите себе. Оној, кој ќе почне од тоа, ќе успее во сè. Менувајќи се себеси, човекот ги пројавува и реализира оние таланти, кои му се дадени од Бога. Така и на другите ќе им помогне да се изменат и ќе го победи злото.
Старец Лука Филотејски