Еден ден, дошле луѓе кај некој осамен монах. Го прашале:
– Која е смислата на твојот живот во молчание?
Монахот нацрпил вода од длабокиот бонар, и им рекол на своите посетители:
– Погледнете во бунарот! Што гледате? Луѓето погледнале во длабокиот бунар.
– Не гледаме ништо – рекле.
После кратко време, пустиникот повторно им реко на своите посетители:
– Погледнете во бунарот! Што гледате? Луѓето повторно погледнале долу.
– Навистина, сега се гледаме себеси! Монахот им рекол:
– Гледате, кога пред малку нацрпив вода, таа се разбранува. Сега водата е мирна. Тоа е искуството на тишината: Се гледаш самиот себе!
Извор: http://manastirglogovac.blogspot.com/2015/03/blog-post.html