На 14.07.2015 год, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Битола, во рамките на БитФест се одржа концерт на византиско црковно пеење.
На концертот настапуваа: машкиот византиски хор „Св. Ахил Преспански“ од Ресен, машкиот византиски хор „Св. Нектариј Битолски“ и естрадниот уметник Ламбе Алабаковски, и женскиот хор „Св. Макрина“ од црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Битола.
На концертот присуствуваше и неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот г. Петар.
Чест да го отвори концертот имаше машкиот хор „Св. Ахил Преспанкси“ од Ресен којшто негува исклучиво византиско-црковно пеење, а пред публиката беа испеани композии како: Херувимска песна, Свјатиј Боже, Канон на Евхаристија на 8-ми глас и Терирем, под диригентската палка на ипоѓакон Константин Сековски.
Вториот дел од концертот го пополни женскиот хор „Св.Макрина“ од Битола со диригент Мери Чекуткова. Женскиот хор негува напеви од византиска традиција, а нивните настапи исклучиво се состојат од неделни и празнични литургии при храмот на Пресвета Богородица.
Трети настапија „Св. Нектариј Битолски“ –машкиот хор од Битола, и беа изведени композициите: Тропар на Св. Нектариј, Богородичен кондак, Кресту Твоему, Терирем, Господи помилуј и Достојно ест, под диригенство на м-р Игор Гулевски.