На 02/03.07.2015 год, по повод празникот на св. Наум Охридски, Чудотворец, митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Вечерна богослужба, а потоа и Света Литургија во манастирот посветен на св. Наум Охридски во Битола.
Речиси целиот град дојде да го одбележи споменот на св. Наум. Неговиот благослов и неговите молитви да продолжат и понатаму да ги покриваат оние кои го почитуваат неговиот свет спомен.
Свети оче Науме, моли Го Бога за нас!