Редефинирање на „успехот“

А Исус, кога ги повика, им рече: Знаете дека оние,што се сметаат за кнезови народни, господарат над нив, и управниците управуваат над нив. Но меѓу вас нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга; и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде роб на сите. Зашто и Синот човечки не дојде да му служат, но да послужи и да ја даде душата Своја за откуп на мнозина.“ (Марко 10, 42-45)

Тука Исус го редефинира она, што многу луѓе го разбираат како „Големина“ или, во модерен термин, „успех“. Мерката за големина, според Него, е служба;  степенот до која мера се служи; се дава себе си.

Па ајде да погледнам на една работа што ја извршив денеска во тоа светло; во светлината на службата кон другите, а не за себе. Ова подразбира, ако јас нешто правам, било да е тоа готвење оброк за моите возљубени, или пеењето во црковниот хор, или разговорот со некого, нека биде тоа само за да го поделам себството, а не да импресионирам. Сфаќам дека овој пристап тивко наградува, додека барањето за себеси е ненаситно. Како такво, тоа единствено води до незадоволство и фрустрација. Божјиот пристап кон работата, како што се случува, е полесен од оној кој е управуван од двосмислениот концепт на себе – трагањето „успех“.

 

Превод: Стефан Цветановски