Храм-автобус по запуштените региони на Татарстан

Во градот Заинск, Република Татарстан започна со работа новиот мисионерски храм-автобус; подвижната црква ја осветил епископот Алметјевски и Бугуљмински Методиј, соопштува информационо-просветителскиот храм на Татарстанската митрополија.

„ Подвижниот храм треба да ја помогне активноста на мисионерската дејност и возродувањето на евхаристискиот живот во оддалечените реони на епархијата – во селата, каде што нема свои парохиски храмови“ – се вели во соопштението.

Во митрополијата напомнија, дека првиот експериментален храм-автобус во регионот, се појавил уште пролетта 2011 година, но сепак, според „развојот на проектот“ се појавила неопходноста „стариот автобус да се замени со нов“. Сега, мобилната црква не само што има добра превозна опременост, „која му дозволува на возачот непречено да врви по селските беспатици“, но и моќно греење, кое ќе овозможи богослужбите да се одвиваат и во студениот период од годината.

hram-avtobusikonostas-avtobus

Мисионерскиот автобус ќе започне целосно да ја извршува својата дејност уште во овој месец, а привите патувања ќе бидат организирани во тие реони, од каде што пристигнуваат соодветни барања во епархискиот мисионерски оддел.

Извор: РИА Новости