На 19. 06. 2015 година, кога ги празнуваме Преподобен Висарион; Преподобен Иларион Нови; Преподобните маченички Архелаја, Текла и Сузана; во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, во Јанковец, Ресенско, ќе се отслужи сеноќно бдение.
„Кажано е во Евангелието за пастирите, дека тие: држеле ноќна стража над своите стада (Лк. 2, 8). На полноќ, пастирите бдееле, и кога се родил Христос, им се јавиле Ангели пред нив во воздухот, и го славеле Бога: „Слава на Бога во висините, на земјата мир, меѓу луѓето добра волја“ (Лк. 2, 14). Не можеле Ангелите да го славословат Бога пред заспани и сонливи луѓе“.
(преп. Амвросиј Оптински)