«Бегај, Кате, бегај» – вистинита приказна за спасувањето од абортус

Новинарката од Минск-Гелија Харитонова споделува вистинска приказна за тоа како интервенцијата од друг човек, авантурата и бегањето од семејството помогнале да се спаси еден човечки живот. А можеби и не еден…

Беше доцна навечер, 20 септември. Јас толку јасно ја запомнив таа дата, затоа што сѐ од испланираното требаше да се случи наредното утро – точно на празникот на Раѓањето на Пресвета Богородица, од што сѐ изгледаше уште поужасно.

Во собата влезе постарата ќерка: «Мамо, можеш ли да замислиш, Кате е бремена. Тие, со Виталиј сакаат да се венчаат, но нејзините родители едногласно се против тоа. Се дерат на неа. Ѝ зборуваат, дека прво треба да заврши факултет. Веќе ја запишале за абортус. Утре наутро, татко ѝ ќе ја однесе во болница. Дури, и колата ја подготвил, готова е, стои пред прозорците паркирана. Кате плаче. Кутрата таа, мене многу ми е жал за неа…» – «А, Кате го сака ли детето? – прашувам јас, по некоја причина, а сама почнувам да се вознемирувам   и да барам излез од таквата ситуација. –Позвони ѝ на Кате и дај ми ја мене слушалката».

На другиот крај од жицата – тишина: На Кате и така ѝ е тешко, таа не разбира, што сака од неа, во толку доцен час, мајката на нејзината другарка. А јас не разбирам, каде да ги најдам потребните зборови, за да тие да не ѝ станат трубење на некаков си морал, за не мое, а друго возрасно дете би ми се доверило и ние заедно би успеале да го спасиме животот на нероденото, но веќе живо детенце. Шепотам: «Господи, помогни ми, дај ми ги потребните зборови», –  и почнувам да зборувам на слушалката.

Кутрото 20 годишно девојче липаше и само со “гукање” одговараше. Главно, мојот авантуристички план се состоеше во следново: Кате да излезе од дома тајно, а ако на таков начин не може, тогаш по каква и да било причина; еве, на пример, да се сретне на улица со мојата ќерка за да ѝ предаде usb/диск/книга. Таму, веќе кога ќе биде на улица, да се сретне со Виталиj и да замине со него некаде, подалеку од дома; потоа да се јави на брза помош, со жалба на ненајдејни и силни болки во стомакот, брзо соопштувајќи му на диспечерот за бременоста и за желбата да се породи.

Во принцип, девојчето треба да го однесат во болница, и таму да го сместат, во буквална смисла на зборот – во прифатилиште. На родителите сеуште ништо да не им соопштува. А после ќе му ја смислиме. Сега е важно – да излезе од дома.

Кутрото девојче,колку само ѝ беше страшно. Таа секогаш била послушна ќерка, родителите нејзини имаа голма власт над неа. Да го послуша советов и да избега, да одлучи да биде против нивната волја беше невиден бунт. Јас се молев, многу се молев, за да се исполни нашето,за сево ова да се сврти кон добро, за стресот кој го преживеа Кате да не предизвика болка во стомакот, за детето да преживее во утробата на мајката и да се роди здраво во овој Божји свет.

Кате ѕвонеше на секој чекор од дејстувањето. Само што излезе од дома – ми заѕвони, ете ја и мојата морална подршка. Само што се сретна со Виталиј – ми заѕвони, ете ја пак мојата морална подршка. Беа веќе во центарот на градот, пак ми заѕвони, и ете ја пак мојата морална подршка.
673-600x338
Најдолгата пауза помеѓу повиците беше кога позвони во «брзата помош» и кога веќе беше во болницата. Во тие моменти, требаше да се одигра улога, таква што ќе ги излаже докторите. Како да се излажат за да се спаси таа – на тоа, јас не го знаев одговорот. Но
ете –Слава Му на Бога! Веќе подрани денот – утро, ден раѓањето на Пресвета и  Пречиста Богородица, стигна една смс-ка која го заврши целиот наш очаен настан: «Јас сум во болница. Сѐ е добро. Ќе ме испитуваат». Господи, ти благодарам! Мајко Божја, покриј ја со Својот мајчински покрив оваа кутра девојка!

Во болницата Кате одлежа неколку недели. Јас ја посетував,разговарав со неа. За тие денови нејзините родители поминаа преку гнев, лутина, преку очајување и бессилност, и дури тогаш дојдоа кон прифаќање, со стиснати заби. Кате, која се најде во привремена безбедност, се успокои, тврдо држејќи се кон своето решение. Преку сестрата им пренела на родителите, дека нема да го убие своето дете, со Виталиј наскоро ќе се омажи, дома нема да се враќа, сè додека тие не се согласат со нејзиниот избор.

Кате и Виталиј се венчаа, и нив им се роди ќеркичка – Александра. Младата мајка се преведе на вонредно и за две години го заврши факултетот. Уште две години подоцна им се роди уште една ќерка. Баба им и дедо им, не можат да им се нарадуваат на внуците, ги сакаат, ги милуваат, им помагаат.

Кога со Кате, ќе се случи да се сретнеме – се гушкаме како роднини и не можеме да ги спречиме солзите. Погледот на нејзината постара ќеркичка, која можеше и да не биде тука сега, секогаш ми ја наполнува душата  со возбуда.

Нас вечно нè поврза тајна. Тајна на животот. И јас до ден-денеска мислам дека таа авантура е единственото вредно нешто во мојот живот.

 

Превод: Ирена Арсова
Извор: http://www.pravmir.ru/begi-katya-begi-realnaya-istoriya-spaseniya-ot-aborta/#ixzz3ceg41I3m