Недела на Сите Светии

На 07.06.2015 г, во Неделата посветена на Сите Светии, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во манастирот „Св. Димитриј“, Буково.

„Пристрасноста кон предметите неминовно со себе повлекува ладење кон Бог и кон делата на своето спасение, ладење кон ближниот, или омраза и завист кон него, ако од него зависи дали некои работи ќе ни бидат дадени, а тој не ни ги дава, или доколку сме принудени ние да му дадеме нешто. Затоа, добро е да се биде потполно рамнодушен кон предметите за да нема ни најмал повод за непријателство кон ближниот што е голем грев. Биди над пристрасноста кон трулежниот, суетен и краткотраен свет; живеј со срцето на небесата и сакај ги тамошните непропадливи добра, подготвени за оние што Го љубат Бог и ближниот.

Свештеникот, како ангел Господов, треба да биде над сите страсти и вознемирувања на духот, сите световни пристрасности или неосновани стравови што доаѓаат од демонот; тој треба целиот да биде во Бог, само Него да Го љуби и само од Него да се плаши. Присуството на човечки страв подразбира дека тој сецело не се прилепил за Бог.

Не загледувај се в лице телесно, туку попрво со внатрешното око набљудувај го лицето на својата душа какво е: да не го изобличиле страстите; истерај ја таа грдотија со молитвата и солзно покајание. Не загледувај се во убавата облека, таа е пропадлива, туку во непропадливата облека на душата своја, каква е: дали е валкана или нечиста поради честите гревовни падови – тајни и јавни, и да се стекнеме со облека на душата од нетрулежна убавина на кротоста, смирението, целомудреноста и чистотата, милосрдието, правдата. “

Свети Јован Кронштадски

 

Сите Светии, молете Го Бога за нас!

 

P1180365 P1180371 P1180377 P1180386 P1180389 P1180396 P1180403 P1180424 P1180458 P1180460 P1180469 P1180473 P1180492 P1180531