Со малку љубов, голема среќа – Свештеник Павел Гумеров

Кога сме биле заљубени, заради своите љубени сме биле подготвени на сѐ: сме говореле еден на друг пријатни и убави зборови, сме подарувале подароци, сме одделувале многу време и внимание едниот на другиот- а зошто сега не го правиме сето тоа во нашиот семеен живот? Кој ни смета ? Зарем, пред бракот сме очекувале од другиот иронични потсмевања, префрлување на вина, непочитувања? – Не, туку сме очекувале радост, која сме ја чуствувале за време на нашата вљубеност. Важно е да не забораваме дека, ние сме стапиле во брак за да служиме еден на друг, да се радуваме еден со друг и сами да ја чуствуваме радоста од нашиот семеен живот. А основната задача се состои во тоа да се научиме да ја добиваме радоста не од тоа: “Ако  ти ми направиш нешто добро, тогаш и јас тебе ќе ти направам”! Кога ќе се научите на тоа, во душата ќе се појави таква радост, која со ништо нема да може да се спореди и повеќе од тоа  нема да ви е ништо потребно: ни подароци, ни пофалби!
А всушност тоа е исполнување на Божјите заповеди, зашто му служиш на Бога, служејќи му на ближниот.

Многу е убаво, утрото да го започнеме со молитвата: “Господи, помогни ми повеќе да му давам радост на најблискиот и помалку да го огорчувам”.  И тоа, ќе ве исполни со смислата и среќата за вашиот живот и за животот на вашите најблиски!

Свештеник Павел Гумеров

 

Превод: Ирена Арсова