Каде ќе побегнам од Тебе, Господи наш? Во која земја ќе се скријам од Лицето Твое? Небото – е Престол Твој, земјата – подножје Твое, во морето – патот Твој, во бездната – Твојата власт. Ако веќе е блиску крајот на светот, завршетокот да не биде без милоста Твоја.
Знаеш Ти, Господи, дека големи се нашите неправди. И ние знаеме, дека голема е милоста Твоја. Ако не Те смилостиви Твојата штедрост, загинавме ние со нашите беззаконија. Не оставај нè Господи, Господи, затоа што ги вкусивме Телото и Крвта Твоја.
Кога делата на секого ќе бидат испитани пред Тебе, Господи на сите, во тоа последно врме, не одврајќај го, Господи, лицето Твое од оние кои го исповедале Твоето свето име. Оче, Сине и Духу Свети Утешителу! Спаси нè и сочувај ги душите наши!
Ја молиме Твојата благост, Господи, прости ни ја нашата вина, презри ги беззаконијата наши, отвори ни ја вратата на Твојата милост, Господи! Да дојдат мирни времиња, и по штедроста Твоја, милостиво прими ја молитвата наша, затоа што на оние што се каат Господи, Ти им отвараш врата.
Преподобен Ефрем Сирин. Том 2. Надгробни песни
Извор: http://www.pravmir.ru/prepodobnyiy-efrem-sirin-molitva-o-vozvrashhenii-mirnyih-vremen/#ixzz3c4XCi8wT