Разумното дете

(современа руска приказна)

Еден ден малиот Иван се враќаше дома од училиште. На прагот од куќата го сретна татко му, кој беше безбожник (атеист), па го запраша :

  • Кажи ми, дете, што те учеше денес отецот вероучител ?

Што ме учеше ? … Отецот вероучител ме учеше дека постои Еден Бог во Три Лица.

  • А, зарем не ви кажа дека Отецот не постар од Синот, ниту пак Синот помлад од Отецот ?

Да, така ни рече мил тато – одговори Иван.

  • Eх, сине мој, каква глупост е тоа – одговори таткото атеист – Гледај сине, нели сум јас твој татко ?

Да, тато – одговори детето.

  • Ете, гледаш ли дете мое, ако сум јас твој татко, мора да бидам постар од тебе. Нели е така ?

Така е драг тато. Ти си постар од мене како човек, но, како татко ти не си постар од мене, бидејќи во оној момент и час кога ти стана мој татко јас станав твој син. Затоа, тоа што е Небесниот Отец од пред вековите, и Синот мора да биде од пред вековите.

 

Неверниот татко ја наведна главата, се замисли и од тогаш не се осмели да го праша своето дете, што го научил вероучителот во училиштето.

 

„Духовни поуки“ – епископ Николај

 

Подготвил: Петар Петковски