Тоа зло кое сега е во светот ќе стане уште посилно,
но злото нема да го победи злото, туку само Љубовта.
–свети цар Николај II
„Нашиот цар е со праведен и побожен живот. Господ му испрати тежок крст на страдање, како на свое избрано и возљубено чедо“, напишал свети Јован Кронштатски во 1905 година, за својот цар Николај II.
Светиот цар Николај II се родил на 19 мај 1868 година во Царско Село, близу СанктПетербург. Се слушало радосно биење на камбаните од сите цркви и почесни топовски истрели. По Светото Крштение била отслужена Божествена Литургија и новокрстениот младенец се причестил со Светите Христови Тајни. Уште од својата младост, великиот кнез Николај билдлабоко побожен и се трудел да ги исполнува добродетелите на праведниот и многустрадален Јов, на чиј празник бил роден, како и на свети Николај, во чија чест бил крстен.
„Јас се родив на денот на многустрадалниот Јов“ – велел тој,„и затоа ми е предодредено да страдам“.
Согласно одлуката на неговиот татко,царот Александар III, неговото образование се одвивало исклучиво во православен дух. Во еден разговор со воспитувачката на своите деца, ѝ рекол: „Ви се даваат двајца клинци, на кои сѐ уште им е рано да мислат за престолот, и кои не треба да се испуштаат од раце. Имајте предвид дека ниту јас ниту великата кнегиња не сакаме од нив да правиме оранжериски цвеќиња. Тие треба да се веселат со мерка, да си играат, да учат, добро да Му се молат на Бога и да не мислат за никакви престоли… Повторувам, не ми треба порцелан.Ми требаат нормални, здрави, руски деца!“
Царскиот наследник поминувал многу часови во учење. Ги восхитувал своите бројни учители со својата извонредна моќ на помнење и неверојатни интелектуални способности. Под будното око на овие истакнати учители, идниот царна највисоко ниво ги завршил студиите по економија, право и воени науки. Исто така, ја поминал воената обукаво пешадијата, коњаницата, артилеријата и морнарицата.
Есента 1891 година, кога настапил глад во многу руски провинции, царот Александар III го назначил својот син за раководител на комисијата формирана за помош на гладните. Идниот цар со свои очи ја видел човечката тага инеуморно работелза да го олесни страдањето на својот народ.
Првото сериозно искушение, за силата на волјата на престолонаследникот Николај,се појавило во врска со неговата женидба, кога благодарение на својата упорност и трпение, успешно ги надминал сите препреки. Првпат ја сретнал принцезата Алекс, својата идна сопруга, кога имал 16 години, а таа само 12 години, на венчавката на неговиот чичко, великиот кнез Сергеј Александрович, и нејзината постара сестра, великата кнегиња Елисавета Фјодоровна.[1]
И покрај нивната голема љубов, имало сериозни препреки за нивно стапување во брак, од кои најсериозна била разликата во верата. Принцезата Алекс била воспитана во протестантво и била длабоко убедена во вистинитоста на својата вера. Најпосле, во 1894 година, со длабока вера во љубовта, идниот цар ја убедил принцезата да го прифати Светото Православие. Тој ѝ рекол: „Кога ќе спознаеш колку убава, колку благодатна и смирена е нашата православна вера, колку величествени се нашите цркви и манастири, и колку свечени и велелепни се нашите богослужби, ќе ги засакаш и тогаш ништо нема да нѐ раздели“. После овие зборови на царот, таа изустила само два збора: „Се согласувам“.
„Нашиот Спасител рече: ‘Што и да побарате во Мое име, ќе ви го направам’“ – напишал великиот кнез Николај во едно писмо, после овој настан. „Овие зборови му се бескрајно драги на моето срце. Последниве петгодини се молев, повторувајќи ги секоја ноќ, преколнувајќи Го да го овозможи обраќањето на Алекс во православната вера и да ми ја даде за жена“.
Есента 1894 година, за време на сериозна болест на својот татко, младиот принц постојано бил крај неговата постела. Во тоа време ѝ напишал на својата невеста: „Како предаден син и прв верен слуга на мојот татко, морам постојано да бидам крај него“.
Неколку дена пред смртта на царот Александар III,принцезата Алекс пристигнала во Русија. Чинот на нејзиното присоединување кон Православната Црква бил извршен од свештеникот, возљубен од цела Русија, свети Јован Кронштатски. На Светата Тајна Миропомазание, го добила името Александра, во чест на светата царица-маченичка Александра. На тој значаен ден, младоженците, на Светата Литургија се причестиле со Светите Христови Тајни. Александра Фјодоровна со сета душа, длабоко и искрено го прегрнала Православието.
„Твојата земја ќе биде моја земја, твојот народ – мој народ, а твојот Бог – мој Бог“ – рекла таа.
Со заеднички договор и поддршка од роднините се венчале за помалку од еден месец после смртта на царот Александар III. После свадбата царицата Александра напишала во дневникот на царот Николај II: „Никогаш немаше да поверувам дека може да постои ваква полнота на среќа на овој свет – такво чувство на единство на две смртни битија. Повеќе нема да се разделуваме. Најпосле сме заедно и нашите животи се поврзани докрај, а кога овој живот ќе заврши, во другиот свет повторно ќе се сретнеме и повеќе никогаш нема да се разделуваме“.
На денот на упокојувањето на царот Александар III, Николај Александрович во длабока тага рекол дека не ја посакува царската круна, но од страв да не ја исполни волјата Божја и волјата на својот татко, ја прифаќа круната. Се надева на Господ Бог, а не на своите слаби сили. Во текот на целиот свој живот младиот цар ги пазел зборовите што неговиот татко му ги предал пред да се упокои: „Верата во Бога и светоста на твојата царска должност да ти бидат темел на твојот живот. …Зацврсти го семејството – тоа е основа на секоја држава“.
[1] Светата маченичка великата кнегиња Елисавета Фјодоровна пострадала маченички, ден после царското семејство и е канонизирана за светителка. Нејзиниот спомен се празнува на 18 јули.
Објавено во списанието Премин 97/98 јули/август 2014