По повод празникот на св. рамноапостолни браќа Методиј и Кирил, на 11 мај 2015 г, учениците од Софиската Духовна семинарија „Св. Јован Рилски“ зедоа молитвено учество во литургијата во Патријаршиската катедрала „Св. Александар Невски“.
На светата Литургија чиноначалствуваше патријаршискиот викарен епископ Тихон Тивериополски, претседател на црковното настојателство на катедралата, во сослужение на духовенството од храмот и гости свештеници. На службата присуствуваше и Неговата Светост, Бугарскиот патријарх Неофит.
По покана на Бугарската академија на науките, молитвено учество зеде и Неговото Блаженство, архиепископот на Македонија Стефан. Тој беше придружуван од Дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј и од Брегалничкиот митрополит Иларион.
После богослужбата, следуваше торжествена слика со светејшиот патријарх Неофит и гостите пред патријаршискиот катедрален храм.