… И така, дојде Исус во самарјанскиот град, наречен Сихар, близу до земјиштето, што му го даде Јаков на сина си Јосифа.
Таму беше изворот на Јакова. И Исус, изморен од патот, седна покрај изворот; а беше околу шестиот час.
Дојде една жена од Самарија, за да полни вода. Исус ѝ рече: „Дај Ми да пијам!”
А учениците Негови беа отишле во градот да купат храна.
Жената Самарјанка Му рече: „Како Ти, бидејќи Јудеец, бараш од мене, жена Самарјанка, да пиеш?” – Оти Јудејците со Самарјаните не се мешаат.
Исус ѝ одговори и рече: „Кога би го знаела дарот Божји и Кој е Оној што ти вели: »Дај Ми да пијам« – ти самата би побарала од Него и Он би ти дал вода жива.”…
(Јован 4)
[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=W8XZsFdWiSM[/youtube]