Денес, на 08.05, 2015 г, црковните одбори при храмовите „Св. Константин и Елена“ – Битола, и „Св. Троица“ – Буковски ливади, заедно со нивните претседатели, протоерејот Оливер Иваноски и протоерејот Цветко Тасески беа на прием во кабинетот митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар.
На приемот, се разговараше за тековните активности во парохиите, а воедно митрополитот беше поканет да богослужи на претстојните патрони празници Слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, и Св. Константин и Елена во нивните храмови.