Љубов – не е тогаш, кога целите сме во облаци, меки, добри, и на сите им намигнуваме со очите, им се насмевнуваме, ги сакаме: таа љубов ништо не вреди, строго да се изразам.
Љубов – е кога јас никого не сакам, но се терам да правам дела на љубовта.
Во мене има нервоза, омраза, нетрпение, и маса други срдечни емоции, кои сосема не припаѓаат на љубовта, се спротивни на неа, но епак, имам страв Божји и се принудувам на добродетел, и преку сила, присилување на волјата, го правам она што е потребно.
Тоа веќе заслужува награда.
Не треба на добродетелите да се припишуваат природни својства: тој е добар по природа и добро му е сè, тој сите ги љуби, затоа што добар се родил. Тоа нема никаква вредност.
Вредност има присилувањето на волјата, во однос на добродетелите.
Протоереј Андреј Ткачев