Еднаш, на час во богословија, почитуван архимандрит – инспектор во семинаријата – ги прашува студентите на час по пастирско богословие:
– Што мислите, што е тоа среќа?
Ајде, ти кажи!
– Среќа е, ден и ноќ да стоиш пред престолот, да се молиш за луѓето, – одговорил првиот.
– Среќа – е да стоиш пред аналојот, ден и ноќ, да ги исповедаш луѓето, да им ги простуваш гревовите, да ги извлекуваш из пеколот, – одговорил и вториот.
– Среќа – е да ги учиш децата на вера, надеж и благочестие – рекол третиот.
И така натаму. Тие одговараат и сфаќаат дека отецот архимандрит не е задоволен од нивните одговори.
И тогаш, старешината на храмот, се осмелил да праша:
– Оче архимандрите, а вие што мислите, што е среќата?
– Браќа, среќа е (а тој тогаш имал 72 години) – кога имате добро расположение.
Игумен Мелхиседек Артјухин