Kога некој одлучи да води духовен живот, најпрво што треба да направи, е да се раздели со логиката, доколку сака да напредува. Животот по логика и духовниот живот се две сосема спротивни состојби, кои се спротивставуваат една со друга.
Оној, кој живее духовно, не ја користи логиката (т.н. ‘здрав разум’.)
Жените, по својата природа многу повеќе го користат срцето, а многу малку логика. Видовме дека апостолите, од кога е Христос уапсен, се криеле и логично размислувале и затоа не Го следеле до Крстот. Кога нашиот Господ го повикал Петар и му рекол да оди по морето, тој почнал да размислува логички, и поради тоа почнал да тоне.
Имајте ја на ум само божествената а не човечката правда. Не бидете злобни спрема никој, колку и да ве огорчил. Ако другите не се грижат за очистувањето на душата и ако непрестајно се зафатени, говорете им добронамерно но немојте да ги поучувате. Народот денес пати од вртоглавица и повеќе не се контролира за тоа што го прави, поради тоа и Христос зел ‘шрафцигер’ во Својата рака, за да би ги прицврстил слабите ‘шрафови’. Ќе дојде време, кога оние кои не веруваат или малку веруваат, ќе го променат своето мислење. Ќе дојдат до заклучок дека верата е добра работа и дека е од помош на поединецот и народот.
-Старец Пајсиј Светогорец (Поуке божанствене љубави)
Превод: ѓакон Златко Крстевски