Зошто слегува благодатниот оган?

Кога Христос кажал дека дошол да фрли огин на земјата и дека Му е жал што сеуште не е разгорен…

…сигурно не мислел на огинот што секоја година се разнесува од Неговиот Гроб во Ерусалим по целиот православен свет.

А сигурно мислел на Огинот од благодатта на крштението кој излегува од очистеното срце од страстите и кој го преобразува целиот човек, обликувајќи го во него подобието Божјо.

Со напишаново не се унижува значењето на огнот од Ерусалим туку се потенцира тоа што има приоритет во скалата на христијанските вредности.

На секој верен Христов човек му е јасно дека многу лесно се пали свеќата од првоспомнатиот огин,
а многу труд и подвиг бара палењето на Огинот на благодата Божја во нашето срце.
Царството Небесно е внатре во нас.

Владимир Божинов

[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=eOkf1yepOuw[/youtube]