Свети Јован Лествичник вели, дека помислите кои не му се откриваат на духовниот отец преминуваат во дела, и дека, напротив, откриените рани не се влошуваат, туку се лекуваат. Од сопствениот опит гледаме дека човекот е бессилен во духовната борба без помошта Божја. Во оваа борба, како што вели преподобен Марко Подвижник, ние имаме само еден помошник, таинствен, сокриен во нас уште од крштението – Христос, Кој е непобедлив. Тој ќе се бори со нас во оваа борба ако ние, не само ја призиваме Неговата помош, но според својата сила, ги исполнуваме Неговите животворни заповеди. Доверувај се на рацете на Неговото преголемо милосрдие. Исто така, непрестајно прибегнувај и кај нашата Застапничка и Владичица, Приснодева Марија, пеејќи ја почесто црковната песна: немаме друга помош, немаме друга надеж, освен Тебе Владичице, Ти помогни ни, на Тебе се надеваме, и со Тебе се фалиме, зашто ние сме Твои слуги, да не се посрамиме.
Преп. Амвросиј