Свети Николај Јапонски за екуменизмот и лажното поимање на љубовта: „Пречесниот Бароус, организаторот на Парламентот на религиите (во Чикаго, 1893 г)… сега држи говори тука. На Велика Среда и јас бев поканет на неговите предавања, на која и ќе присуствуваат претставници од разни учења и секти; со цел памет да ја оставам Литургијата и да отидам да слушам празни разговори!
Во протестантизмот, христијанската љубов прераснала во ваква појава: наместо да ги ваѓаме луѓето од калта, од љубов сами влегуваат во калта, утврдувајќи ги несреќните во мислата, дека таму и треба да останат“ (Дневници, Том III, стр. 506).
*Во време на неговото неекуменистичко мисионерство во Јапонија, 30 000 Јапонци станале православни, кои претрпеле и гонење за верата. Следните фотографии се илустрации на плодовите од православниот космополитизам, и современиот синкретизам.
Православни јапонци, во нивните традиционални облеки, со нивниот епископ Сергиј Тихомиров
Припадници на Исламската религија се молат во историската катедрала во Вашингтон.
Спаси се себеси, и илјадници околу тебе ќе се спасат! – Свети Серафим Саровски. Токму од мисиите и делата на св. Николај Јапонски, св. Јован Шангајски, св. Герман Алјаски… можеме да научиме што е тоа вистински екуменизам, зашто по делата ги препознавме!(Мт. 7, 20).
Икона на Новите Американски светители
Заедничка фотографија од екуменистички собир
Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку испитувајте ги духовите: дали се од Бога, бидејќи многу лажни пророци се јавија во светот.(1 Јн. 4, 1)