На 16.04.2025 г., во Средата од Страсната седмица, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереј-ставрофорот Златко Костовски, протоерејот Атанас Лажовски, ерејот Александар Маргулевски и ѓаконот Крсте Атанасов, отслужи Света Литургија на Претходноосветените Дарови во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола.
По завршувањето на Божествената Литургија, беше отслужена Светата Тајна Елеосвештение.