На 22.12.2024 г, во Дваесет и шеста недела по Педесетница, кога го празнуваме зачнувањето на Света Ана , Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во сослушение на протоерејот Благој Стефановски и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Архангел Гаврил“, во Довлеџик.
На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.