На 18.12.2024 г., кога го празнуваме споменот на Свети Сава Осветен и споменот на Свети Нектариј Битолски, заштитникот на градот Битола, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение н протоереи ставрофорите Златко Костовски, Кирил Трајковски, ерејот Ѓорѓи Делев, протоѓаконот Драган Георгиевски и ѓаконот Крсте Атанасов, отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
После Божествената Литургијата, беше одржана свечена Литија низ градот Битола, со чесните мошти на Свети Агатангел Битолски.