На 08.12.2024 г., во Дваесет и четвртата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светиот свештеномаченик Климент, епископ Римски и Свети Климент, архиепископ Охридски, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот ставрофор Влатко Ристески, протоерејот Дејан Секуловски и ѓаконот Димитар Поп Атанасов, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Кирил и Методиј“, во Прилеп.
На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.