Воведение на Пресвета Богородица во храмот (Пречиста) – Света Архиерејска Литургија во храмот „Свето Благовештение“, во Прилеп

На 04.12.2024 г., кога го празнувавме Воведението на Мајката Божја, Пресвета Богородица во храмот, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереи ставрофорите Влатко Ристески, Илчо Смилески, протоерејот Петко Кесаковски, протоѓаконот Драган Георгиевски, ѓаконите Александар Петковски и Младен Јовчески, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Свето Благовештение“, во Прилеп.

На Божествената Литургија, Митрополитот г. Петар, благоволи во ѓаконски чин да го ракоположи дипломираниот теолог Младен Јовчески.
Од името на Епархијата, на новоракоположениот ѓаконот Младен Јовчески му го честитаме примениот ѓаконски чин и се молиме достојно да Му служи на Бога и на верниот народ, принесувајќи многубројни плодови.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.