На 08.11.2024 г., кога го празнуваме споменот на Светиот Великомаченик Димитриј, Преподобниот Димитриј Басарабов, Преподобниот маченик Јоасаф и споменот на големиот земјотрес, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Зворничко – Тузлански г. Фотиј, Неговото Преосвештенство, Епископот Шабачки г. Јеротеј, Неговото Преосвештенство, Епископот Хераклејски г. Клиент, Неговото Преосвештенство, Епископот Велички г. Никола, протоереј-ставрофорите Никола Грамбозов, Златко Костовски, Кирил Трајковски, протоѓаконите Драган Ѓеоргиевски и Ѓорѓи Делев, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.