На 27.10.2024 г., кога го празнувавме споменот на преподобната Параскева (Петка), Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот ставрофор Златко Костовски и протоѓаконот Ѓорѓи Делев, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Света Петка“, во Битола.
На Светата Божествена Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.