На 13.10.2024 г., во Шеснаесеттата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во ссослужение на протоереи ставрофорите Влатко Ристески, Илчо Смилески, протоѓаконот Константен Сековски и ѓаконот Александар Петковски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свето Благовештение“ во Прилеп.