На 21.09.2024 г., кога го празнувавме раѓањето на Мајката Божја, Пресветата Богородица, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Грамбозов, Златко Костовски, протоерејот Атанас Лажовски и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, отслужи Света Божествена Архиерејска Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.
На Божествената Литургијата, Митрополитот г. Петар, во чин чтец благоволи да ги ракопроизведе чедата Божји: Пеце Досевски и Михајло Босилков.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.