На 26.07.2024 г., кога го празнуваме споменот на Чудата на Светиот Архангел Гавриил, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот ставрофор Трајко Босеовски, протоерејот Благој Стефановски и протоѓаконот Драган Георгиевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Архангел Гаврил“, во Довлеџик – Битола.
На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.