На 13.06.2024 г., кога го празнуваме Вознесението Христово, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот ставрофор Никола Грамбозов, протоерејот Николче Неделковски и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на овој празник во село Брусник, Битола.
На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.