На 24.09.2023 г., во Шеснаесеттата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на преподобната Теодора Александриска, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на надлежниот Митрополит Крушевско-демирхисарски г. Јован, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Епископот Хераклејски г. Климент, како и бројно свештенство на нашата Света Македонска Православна Црква, изврши Големо осветување на манастирскиот храм „Свето Преображение“, во Крушево.
После Големото советување, беше отслужена Света Божествена Литургија.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.