На 15.07.2023 г., во предвечерието на Шестата недела по Педесетница, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи Воскресна Вечерна богослужба во храмот „Света Никола, во Крушево.
После Вечерната богослужба, Митрополитот г. Петар, пред свештенството и верниот народ, го претстави Митрополитот Крушевско-демирхисарски г. Јован, кој со Одлука на САС на МПЦ-ОА од 20 јуни 2023 година, е поставен за епархиски Архиереј на оваа Епархија.