На 17.04.2023 г., на Вториот ден од Светлата седмица, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереите Влатко Ристески, Илчо Смилески, ерејот Милано Стојановски, протоѓаконот Драган Ѓоргиевски и ѓаконот Александар Петковски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свето Благовештение“ во Прилеп.
На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.